Состанок на СБ на ОН за Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН во Њујорк одржа итен состанок за кризата во Украина, по инфорамциите дека Русија испратиле илјадници војници за поддршка на проруските сили во источниот дел на Украина.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради информациите дека борбите од источниот дел на Украина се шират кон југозапад, а ОН немаат начин да ги потврдат најновите информации за руска инвазија.

Според НАТО најмалку 1.000 војници се на терен, како поддршка на проруските сили, кои се борат против властите во Киев од април годинава, додека Русија тврди дека на украинска територија нема нејзини војници.

Американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер изјави на состанокот на СБ на ОН дека Русија манипулира и отворено користи лаги, додека рускиот претставник во ОН Виталиј Чуркин го обвини Киев дека води војна против својот народ. Пауер, исто така, нагласи дека состанокот е 24. средба на ОН на што има за цел да се спречи руското мешање во Украина.

Заменикот секретар за политички прашања во ОН Џефри Фелтман го отвори состанокот изјавувајќи дека најновите случувања во Украина претставуваат опасна ескалација на конфликтот во Украина.

– Има руски доброволци во источните делови на Украина. Тоа никој не го крие, изјави Чуркин, истовремено отворајќи го прашањето за присуството на западни советници и од кого украинската армија добива оружје.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности