Соработници на Рохани не добија американски визи за ГС на ОН

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани нема да биде со вообичаениот тим советници на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи не им се одобрени визи, јавија иранските медиуми.

Новинари кои обично го придружуваат претседателот во неговите патувања во странство исто така не добиле визи.

Рохани и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги добија своите визи во четвртокот. Зариф пристигна во Њујорк во петокот. Тој доби право да донесе во САД само двајца соработници со себе.

Неговиот говор пред Генералното собрание е закажан за в среда.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава