Сопругата на идниот чешки претседател Милош Земан работела на место специјално отворено за неа

Од:

Сопругата на идниот чешки претседател Милош Земан последните месеци била ангажирана на работно место кое бил отворено специјално само за неа, пишува чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Идната прва дама на Чешка, работела за остравската компанија „Л и Ц Инвестмент“, чиј сопственици Петр Бенеш и неговата ќерка Барбара, се занимаваат со изнајмување на станови.

На прашањето што работела за него Земанова, Бенеш не одговорил, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Работното место на Ивана Земанова, која не сака многу да се појавува во јавноста, е обвиткано со мистерија и претставуваше предизвик за новинарите.

Познато е само дека на работа одела во изнајмена канцеларија во близина на својот дом, а со оглед на тоа што сега фирмата е повлечена од таму, се оди во прилог на тоа дека работата била „скроена специјално за сопругата на Земан”.

Според директорот на анти-корупциската организација „Транспаренси Интернешнл“, Давид Ондрачек, ова прашање се вклопува во целото непрегледно финансирање на претседателската кампања на Милош Земан.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица