Сообраќаен хаос во Велика Британија поради обилните снежни врнежи

Од:

Застои во и прекини во воздушниот и копнениот сообраќај предизвикаа обилните снежни врнежи во делови од Велика Британија.

Најобилни снежни врнежи се забележани во Шкотска, Велс и северните делови на Англија, каде што се формирала снежна покривка и до 15 сантиметри.

Во Шкотска и во северна Англија е прогласено „жолто“ ниво за опасност од снег и голомразица.

Неколку часа затворен за сообраќај беше аеродромот во Глазгов, од каде што летовите се пренасочуваа кон Единбург. Полицијата им сугерираше на граѓаните да не патуваат без поголеми пореби, а компанијата задолжена за одржување на автопатиштата „Хајвејз Ингланд“ им препорача на возачите на камиони со себе да носат лопати, топла облека, храна и вода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски