Сомалиските пирати по скоро пет години ослободија 26 заложници

Од:

Сомалиските пирати ослободија 26 лица кои речиси пет години беа во заложништво откако беше киднапиран нивниот рибарски брод, изјавија преговарачите кои помогнаа во ослободувањето.

Пиратите во март 2012 година го киднапираа екипажот на бродот Нахам 3, составен од државјани на Кина, Индонезија, Филипини и Тајван.

– Многу сме задоволни што можеме да објавиме дека екипажот е ослободен, изјави синоќа претставник на центарот Партнери за поддршка на заложниците, кој помогна во преговорите за ослободување на киднапираните.

Тој додаде дека заложниците со хуманитарен лет на Обединети нации ќе бидат вратени од Сомалија во своите држави.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија