Сомалиските пирати ослободија грчки танкер и 26 морнари

Од:

Сомалиските пирати ослободија грчки танкер и 26 морнари, од кои 14 беа Филипинци. Тие беа земени како заложници во Оманското Море пред десет месеци.

Танкерот „МТ Смирни“, кој пловеше под либериско знаме и неговиот екипаж се ослободени во саботата и сега бродот плови кон Оман, соопшти филипинското Министерство за надворешни работи.

Сите членови на екипажот се во добра здравствена состојба, додаде Министерството.

Танкерот, кој исполовил од Турција, превезувал 135 илјади тони сурова нафта. Тој е запленет од пиратите на 10 мај 2012 година на 300 морски милји од Оман.

Условите за ослободувањето не беа соопштени. Танкерот е сопственост на фирмата „Дајнаком танкер менаџмент“, со седиште во Атина. Компанијата го потврди ослободувањето на танкерот и екипажот.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија