Сомалиски верски учители фрлија фатва на терористите од Ал Шабиб

Од:

Околу 160 сомалиски верски учители покренаа фатва против исламистичката терористичка група Ал Шабиб, објаснувајќи дека за неа „нема место во исламот“.

Ова е првпат, сомалиските муфтии да се изјаснат за фатва за членовите на оваа група која се уште контролира многу селски реони во Сомалија.

На конференција во Могадишу за феноменот на екстремизмот, верските предавачи во училишта во земјата и странство, го осудија користењето на насилството од страна на Ал Шабиб, која се прикажува себе си како заштитник на исламот и се бори за создавање на исламска држава во Сомалија.

Во последниве две години, припадниците на Ал Шабиб се протерани од сите клучни градови во земјата, но групата и натаму контролира неколку помали градови, како и поголемиот број од сомалиските села.

Жители на сомалискиот град Була Бурте пред учесниците на конферанцијата во Могадишу открија дека неодамна припадници на Ал Шабиб егзекутирале еден млад човек, а потоа му ги отсекле двете нозе, пред очите на околу илјада луѓе собрани во центарот на градот.

Ал Шабиб, која со светот комуницира преку Твитер, се огласи со соопштение дека не се откажува од својата борба и намерата за целосна исламизација на земјата, порачувајќи им на властите и на меѓународната заедница дека ќе продолжат со терористичките напади.

Групата е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда на Рогот од Африка и таа тврди дека минатата недела извршила напад врз конвој возила со претседателот на Сомалија, Хасан Шеик Мохамед, но властите во Могадишу велат дека бомба поставена крај патот експлодирала дури по минувањето на колоната.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија