Сомалиската Влада денеска понуди парична награда во износ од 100.000 до 250.000 долари по глава за 11 најбарани осомничени терористи во оваа земја.
Владиниот портпарол Ридвеј Хаји изјави дека Сомалија ќе даде награда од 250.000 долари секому кој ќе даде информација која ќе помогне за апсење на лидерот на групата „Ал Шабаб“, Мохамед Дирие и уште 150.000 долари за високиот командант на групата, Махад Карате.
Хаји истакна дека Владата, исто така, ќе понуди сума од 100.000 долари за апсење или убиство на деветмината останати лидери на Ал Шабаб, меѓу кои е и организаторот на нападот врз кенискиот универзитетски кампус, во кој загинаа 148 луѓе.
– Ваквиот пристап ќе ни овозможи да добиеме информација од јавноста и ветуваме дека ќе ја заштитиме довербата на оние кои ќе и дадат било каква информација на Владата, нагласи Хаји.