Радикалната исламистичка група „Ал Шабаб“, која се смета за сомалиски огранок на терористичката мрежа Ал Каеда, денеска се закани со терористички напади на САД, јави ИТАР-ТАСС.
– Америка води војна на Африканскиот рог и е против Куранот, каде се вели дека исламистичкото знаме ќе биде издигнато во целиот свет, изјави еден од водачите на Ал Шабаб Фуад Шонголе.
Шонголе се закани дека џихадот повторно ќе биде пренесен во соседните држави на Сомалија како Кенија и Уганда, а потоа со божја помош и во Америка.
Амбасадата на САД во Кенија соопшти дека ги зголемува безбедносните мерки и го намалува персоналот.