Премиерот на Сомалија Абди Фарах Ширдон, изјави денеска дека Владата соработува со меѓународни партнери и соседни држави во борбата против екстремистичката Ал Шабаб.
– Имаме соработка со светот и соседните држави во борбата против Ал Шабаб, изјави Ширдон на прес конференција одговарајќи на прашање дали државата знаела за нападот во сомалискиот пристанишен град Барава, јужно од Могадишу.
Американските маринци ивршиле два напада во кои ликвидираа лидер на Ал Шабаб кој бил осомничен за нападот во трговскиот центар во Кенија во минатата недела, и го уапсиле лидерот на Ал Каеда во Либија.