Сомалија: Ал-Шабаб се закани дека ќе ги убијат сите пратеници

Од:

Групата “Ал Шабаб”, сомалиски огранок на Ал Каеда, се закани дека ќе ги убијат сите членови на парламентот на Сомалија и рече дека пратеникот Мустафа Хаџи Малим, кој беше убиен во саботата, е првиот на листата.

– Успешната акција за отстранување на Малим беше на муџахедините кои биле решени да ги убијат сите собраниски парламентарци, изјави за АФП еден од шефовите на “Ал Шабаб”, кој побара да остане анонимен, додавајќи дека неговата група ќе “ги убие еден по еден” преостанатите 274 пратеници.

Убиениот пратеник бил дедо на поранешниот претседател Шариф Шеик Ахмед. Тој е првиот парламентарец кој е нападнат од август, кога беше избран новиот парламент со 275 пратеници.

Според сведоците, пратеникот бил убиен кога излегувал од џамија во јужниот дел на Могадишу, каде што бил на вечерна молитва.

Претседателот на парламентот Осман Џавари ги нарече убијците “безмилосни” и посочи дека овие случаи нема да ја поколебаат Владата во исполнувањето на нејзините обврски да и служи на нацијата.

Новиот сомалиски претседател Хасан Шеик Мухамед го преживеа нападот на 12 септември, само два дена откако беше избран на функцијата.

По повеќе од две децении на војување, Сомалија се враќа во нормален
живот, со тоа што “Ал Шабаб” од фронтални напади сега се префрли на герилско војување, вклучувајќи и бомбашки напади.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија