Солидарноста клуч за победа над тероризмот

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Сите луѓе, независно од нивните политички ставови, националност, вероисповед и културно миље – се обединети од желбата за мир и праведност. Во пракса, историјата на човештвото е во определен смисол и историја на потрага по мир и праведност.

Исламот исто е дел од таа потрага. Арапскиот корен на зборот ислам – „селам“ значи мир, и исламот е религија која им наредува на своите следбеници да дејствуваат чесно во политичкиот, деловниот и социјалниот живот. Како резултат на тоа, муслиманските држави во Африка, Азија, Европа и на Блискиот Исток им даваат посебно значење на вредностите на праведноста и мирот повеќе од 1400 години.

За жал, исламскиот свет денес страда од недостиг како на праведност, така и на мир.

Од Сирија до Ирак, од Либија до Палестина и од Јемен до Централноафриканската Република, милиони муслимани копнеат за мир, стабилност и достоинство, борејќи се да преживеат. Наспроти тоа, теористички групи и режими гладни за крв сеат пустош во античките градови и уништуваат некои од најпрестижните творби, библиотеки, џамии и други историски реликви на исламската цивилизација.

Исламскиот свет во пракса е смачкан под тежината на еден од најсериозните предизвици по Првата светска војна, кога вооружени конфликти, граѓански војни, растурен држави и морално остарени политички структури лишуваат многу муслимански држави од мир и сигурност.

Сето тоа се комплицира – во Сирија и на други места – преку воени интервенции и поддршка за нелегитимни влади од страна на странски држави со бегло или никакво познавање на историјата, вредностите и социологијата на регионот.

Во меѓувреме, секташтвото создава дури уште подлабоки поделби меѓу браќата муслимани. Фактот дека исламскиот свет се уште се бори со проблем кој Европа го реши во 17-от век, е нешто за кое вреди да се замислиме. Се разбира, меѓусекташките тензии се вкоренуваат во политички конфликт кој е потхрануван од групи водени од алчност и краткорочни интереси. Иронија е што оние кои имаат најмногу корист од тој секташки конфликт се терористичките организации и непријателите на исламот.

За жал, многу муслимани, особено млади луѓе, се покажуваат посебно податливи за пораките на терористичките групи како Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, и тоа е прашање кон кое муслиманските држави не можат и не смеат да останат рамнодушни.

Реалноста е таква што тероризмот веќе не е закана само за мала група држави или реони. Тоа се разграни во глобалем проблем, кои најмногу ги измачува муслиманските заедници во Европа, Јужна Азија и двете Америки. Изворите на злото се претставуваат под различни имиња и се придвижуваат кон различни идеологии. Но она што им е заедничко е желбата да го уништат споменот, вредностите и иднината на муслиманите во целиот свет.

Тој проблем се влошува уште повеќе посебно во западните општества, каде се забележува проширување на расизмот, дискриминацијата, ксенофобијата и исламофобијата, а тоа се нешта кои им се закануваат и ги плашат муслиманите. Низ цела Европа, џамии, продавници во сопственост на муслимани и станбени згради, редовно се опожаруваат и се напаѓани од вандали.

Затоа е многу важно меѓународната заедница да направи чекори за да гарантира дека муслиманите кои всушност се главната цел на терористичките напади – нема да бидат третирани чисто и само како под закана.

Тука во Турција веќе триесет години ние се бориме со ПКК (Курдската работничка партија), светски призната терористичка организација. Загубивме над 10 илјади луѓе од тероризмот. Учејќи од сопственото искуство што сакаат терористите и каки разурнувања прават, полагаме големи напори да ја убедиме меѓународната заедница да заземе тврда позиција против теророт.

За жал, во овој случај меѓународната заедница не зазема принципиелна позиција кон терористичките групи кои се закануваат на сите нас. Во северна Сирија, курдската Партија на демократската унија и нејзиното веоно крило Силите за заштита на народот – сирискиот огранока на ПКК, ги принудува локалните арапски и туркменски заедници и нивните сопренички курдски групи на принудна миграција и етничко чистење.

Но, би било фатална грешка да се избираат фаворити меѓу терористичките групи и да се прави божемно разграничување меѓу „добри терористи“ и „лоши терористи“.

Прифаќајки двојни стандарди за тероризмот, меѓународната заедница само ги поттикнува терористите и ја поткопува глобалната војна против тероризмот. Единствениот начин да биде победен тероризмот денес е муслиманите и останатиот свет потесно да соработуваат и да ја поттикнуваат солидарноста.

Нема сомнеж дека земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) кои минатата недела се сретнаа во Истанбул, ќе се здружат за да ја поведат глобална борба против тероризмот.

Покрај тоа, муслиманите низ светот треба да го кренат гласот против сите форми на угнетување и да застанат заедно со угнетените, а идентитетот на угнетувачот и на угнетениот не смее да биде фактор во тие напори.

Затоа Турција одби да ги остави жртвите на конфликтот во Сирија и Ирак на милоста на терорсти и на злосторнички режими. Денес, турскиот народ е горд што прифати околу три милиони сириски и ирачки бегалци во бегалските кампови во земјата. И ветуваме дека ќе одговориме на потребите на нашите соседи се додека не биде ставен крај на насилствата и не биде вратен мирот во нивите татковини.

ОИК ја олеснува дискусијата на проблемите на исламскиот свет и консултацијата меѓу муслиманските лидери и веќе половина век им помага на земјите членки да донесуваат важни решенија. Веруваме дека меѓу одговорностите на ОИК спаѓа и справувањето со регионалните предизвици, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија и Ирак.

Кога муслиманските лидери се сретнаа во Истанбул, тие не беа шиити или сунити, Африканци или Азијци, луѓе на Западот или луѓе на Истокот, црни или бели или членови на различни етнички групи. Наместо тоа, тие се собера заедно како луѓе кои се еднакво одговорни за благосостојбата на 1,7 милијади муслимани и за останатиот дел од човештвото.

Муслиманите сочинуваат околу една четвртина од населението во светот, но ние треба да работиме заедно кога правиме чекори кои ќе им обезбедат соодветното место во глобалниот систем. Во практична смисла, тоа значи прифаќањето на акцискиот план ОИК 2025, кој ги исцртува клучните цели за следната деценија. А сега кога Турција го презеде претседавањето со ОИК со двогодишен мандат, ние ќе работиме засилено за да ја оствариме таа цел.

Исламската цивилизација ги смета луѓето за најблагородните суштества и ги повикува лидерите „да ги остават луѓето да живеат, а така ќе преживее и државата“. Имајќи го тоа на ум, на муслиманските лидери паѓа тежок товар. А најдобриот начин да се справат со тој товар е да и дадат приоритет на благосостојбата на пошироката муслиманска заедница пред индивидуалните интереси, така што ќе можеме да оставиме конструктивен печат врз 21-иот век.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“