Леталото „Сојуз“ со тричлена екипа астронаути, двајца Руси и еден Американец, во вторник полета кон Меѓународната вселенска станица (МКС) од рускиот вселенски центар Бајконур во Казахстан.
Ракетата беше лансирана во орбитата без проблем, а до вселенската станица, каде тројцата астронаути ќе поминат шест месеци, треба да стигне за два дена. Лансирањето беше одложено месец и пол откако во текот на тестирањето се покажа дека леталото, кое првобитно требало да биде употребено, не можело херметички да се затвори.
На тројцата астронаути ќе им се придружат уште тројца астронаути, уште еден Русин, Американец и Холанѓанин, кои веќе се наоѓаат на МКС од декември.
Екипата веднаш ќе ги започне подготовките за доаѓање во капсулата „Драгон“ следната седмица, што ќе биде прв пат една приватна компанија да лансира залихи за меѓународната станица.
Русија моментално е единствена земја која може да транспортира луѓе на МКС откако САД во јули минатата година ги повлекоа од употреба останатите три орбитери.