Социјалистите и Подемос партнери во новата влада на Шпанија

Од:

Шпанските социјалисти денеска се согласија со ултралевичарската партија Подемос за формирање влада, додека договорот за коалицирање се уште не е постигнат, бидејќи социјалистите и натаму ја истражуваат можноста за обезбедување мнозинство во Парламентот.

Социјалистите победија на парламентарните избори во април, но без апсолутно мнозинство, што доведе до крајна поделба на шпанската политичка сцена.

Премиерот во техничкиот мандат Педро Санчез минатата недела од кралот Фелипе Шести доби мандат да формира влада и вчера се закани дека ќе бара нови избори доколку опозицијата ги блокира неговите напори.

Санчез денеска се сретна со лидерот на Подемос, Пабло Иглесијас, кој сака неговата партија да биде дел од владејачката коалиција, што досега Санчез го одбиваше.

Овие две партии ниту заедно немаат мнозинство пратеници во Парламентот, но Иглесијас изјави дека двајцата лидери се оптимисти.

Санчез денеска треба да се сретне и со лидерот на десничарската партија Граѓани, Алберт Риверо и со шефот на конзервативната Народна партија, Пабло Касадо.

Социјалистите на изборите освоија 123 мандати, а Подемос 42, што е недоволно за мнозинство од 172 пратеника.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија