Главната опозициска Социјалистичка партија во Шпанија одби денеска да ги поддржи напорите на премиерот Маријано Рахој да формира малцинска влада, со што земјата е на чекор до одржување на нови, трети избори за една година.
– Нашите гласачи се изјаснија против Рахој, изјави лидерот на Социјаластичката партија, Педро Санчес по средбата со Рахој.
Шпанија е без влада веќе осум месеци. Конзервативната Народна партија на Рахој освои најмногу гласови на изборите, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.
Ако за два дена не биде формирана влада, Шпанците повторно ќе излезат на гласање на 25 декември.