Социјалдемократските партнери на Меркел бараат да се намали бројот на имигрантите

Од:

Двајца водечки претставници на Социјалдемократите (СПД) кои што се владини коалициони партнери на партијата ЦДУ на канцеларката Меркел бараат да се намали имиграцијата во Германија.

Министерот за надворшени работи Франк Валтер Штајнмаер и вицеканцеларот и претседател на Социјал – Демократската партија Зигмар Габриел сметаат дека Германија нема капацитет за постојано да прифати над еден милион бегалци и да ги интегрира во земјата.

„Не можеме постојано да прифатиме повеќе од еден милион бегалци“, сметаат најпопуларните членови на СПД во германската влада кои што во писмо објавено во весникот „Шпигел“ бараат да се направи се што е можно за да се намали имиграцијата во Германија. Според нив дебатата не смее да се движи меѓу пораките „Ние можеме“ и „бродот е полн“ затоа што на тој начин бегалското прашање ќе го растргне германското општество.

Мнозинството Германци според анкета на телевизиајта ЦДФ смета дека земјата не треба да прифати повеќе бегалци од тие што досега влегоа во Германија. За разлика од 51 отсто кои што сметаат дека земјата не може да се справи со приливот на бегалци 45 отсто сметаат дека Германија нема капацитет со нивниот прием. Одговорите на овие прашање пред две недели беше дијаметрално спротивен. Спореед анкетата 62 отсто сметаат дека со бегалците ќе се зголеми и нивото на криминалот а 33 отсто сметаат дека бегалците се закана за германските социјални и културни вредности.

Прашањето за бегалците влијае на на рејтингот на политичарите. Во моментов само 46 отсто од Германците сметаат дека канцеларката Меркел добро се справува со иммиграцијата (пред две недели 50 отсто) а 48 проценти од нив сметаат дека Меркел лошо се справува со бегалците. Најголем напредок во анкетата за највлијателни германски политичари има баварскиот премиер Хорст Зехофер од ЦСУ, баварската сестринска партија на ЦДУ на Меркел, кој што се противи на политиката на отворен и врати за бегалците која што ја промовира канцеларката. Според анкетата на ЦДФ Меркел е на четврто место а во водство е нејзиниот сопратиец Волфганг Шојбле , министер за финансии кој својот рејтинг го зацврсти за време на финансиската криза во Грција кога се залагаше за почитувањње на европските правила од страна на Атина.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ