Социјалдемократската партија победник на предвремените избори на Гренланд

Од:

Владејачката социјалдемократска партија „Сиумут“ е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори на Гренланд, кој е самоуправна територија во состав на Кралството Данска.

Централната изборна комисија соопшти дека победник е „Сиумут“, иако на вчерашните излезни анкети водеше опозициската „Инуит Атакатигиит“. Според ЦИК социјалдемократите освоиле 34,3 отсто, додека „Инуит Атакатигиит“ добиле 33,2 отсто од довербата на гласачите.

Согласно резултатите, овие две партии ќе имаат по 11 пратеници во 31-члениот Инатсисартут (гренландскиот Парламент), но преговорите за коалиција ќе ги води лидерот на Сиумут – 48-годишниот Ким Килсен.

Предвремените избори се организирани помалку од две години од претходните, а причина е септемврискиот скандал со партискиот лидер на „Сиумут, премиерката на Гренланд Алека Хамонд. Таа беше обвинета дека ги користела државните средства за лични потреби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Битка за Гренланд: Стратешката гео-позиција и природните богатства како мотив за “освојување” на арктичкиот остров

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори