Социјалдемократската партија Напред победи на парламентарните избори во Гренланд

Од:

Социјалдемократската партија Напред (Сиумут) на премиерот Ким Киелсе со 27,2 отсто освоени гласови победи на вчерашните парламентарни избори во Гренланд.

Тоа е голем пад на рејтингот на партијата, бидејќи пред четири години освои 34 отсто.

Политичкиот опонент на социјалдемократите, ултралевичарска Инуитско братство (Инуит атакатигит) која се очекуваше да победи, освои 25,5 проценти и го призна поразот.

И двете најголеми партии бележат пад на рејтингот за сметка на центристичката партија Демократите (Демократерне), која е трета по освоените гласови. Демократите се поумерени по прашањето за целосна независност од Данска за разлика од социјалдемократите и левичарите.

Поради изборните резултати најверојатно претстојат преговори за владина коалиција со Инуитското братство или со Демократите.

Гренланд е автономна територија под суверенитет на Данска. Иако географски и етнички арктичката нација е дел од Северна Америка, политилки и историски повеќе е поврзан за Европа.

Гренланд сам управува со своите ресурси, но буџетот и зависи од субвенциите од Данска, која ги контролира и дипломатијата, одбраната и финансиите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Битка за Гренланд: Стратешката гео-позиција и природните богатства како мотив за “освојување” на арктичкиот остров

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори