Соботка имињата на „реконструираните“ министри ќе ги објави истовремено со новите

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка ќе ја оценува работата на министрите во Владата со сите членови на Кабинетот, а не само со министрите предложени од неговата партија, како што најави претходно, јави дописникот на МИА од Прага.

Во ресорите, кои и припаѓаат на Чешката социјалдемократската партија (ЧССД) ќе настанат измени кои претседателот на Владата сака прво да му ги соопшти на претседателот на државата Милош Земан, заедно со имињата на оние кои ќе ги заменат, информираше денеска Земан по средбата со премиерот.

Реконструкцијата на дел од Владата, Соботка ја најави минатиот петок, објавувајќи го јавно писмото кое го испратил до членството, а во кое констатира дека лошите резултати од неодамнешните регионални и сенатски избори на неговата партија е „заради премореност на дел од министрите и функционерите, кои треба да се заменат“.

Земан за време на викендот го повика министерот за култура Даниел Херман да поднесе оставка заради спорот кој го имаа двајцата во јавноста, кога Херман објави дека бил уценуван од претседателот да не се среќава со тибетскиот водач Далај Лама при посетата на Прага.

Соботка рече дека не очекува несогласување од Земан со промените кои ќе бидат предложени во Владата.

Медиумите шпекулираат дека ќе бидат сменети министрите за здравство и за човекови права, Сватоплук Њемечек и Јиржи Динстбир.
Коалиционите партнери, вицепремиерите Андреј Бабиш и Павел Бјелобрадек рекоа дека не планираат змена на министрите кои тие ги предложиле.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски