Соборени дронови со експлозив на лет кон Саудиска Арабија

Од:

Саудиската државна новинска агенција „Сауди прес“ јави дека коалицијата во Јемен детектира и уништи две беспилотни летала со експлозив лансирани од јеменските бунтовници Хути кон цели во Саудиска Арабија.

Хутите се уште не ги коментирале наводите на „Сауди прес“.

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од Јемен, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

Би можело да ве интересира

Џорџина направи скандал: сопругата на Роналдo мора да плати казна

Предраг Петровиќ

Бајден: Целта на посетата на Саудиска Арабија е зајакнување на стратешкото партнерство

Саудиска Арабија го кандидираше Мухамед Мазаид за генерален директор на СТО

А1он

Властите во Саудиска Арабија воведоа полициски час во Мека и Медина

А1он

Саудиска Арабија воведува полициски час

А1он

Саудиска Арабија да му каже на светот на кого му се суди за убиството на Кашоги