Саудиска Арабија да му каже на светот на кого му се суди за убиството на Кашоги

Од:

Турција денеска ја повика Саудиска Арабија да ги именува обвинетите во судскиот процес за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да ги објави обвиненијата против нив.

– Ја повикуваме Саудиска Арабија да му каже на светот кои поедици во моментот се на судење врз основа на обвиненијата, истакна портпаролот на претседателот на Турција, Фахретин Алтун.

Турската полиција минатиот месец соопшти дека верува оти некои делови од телото на убиениот новинар можеби се запалени.

Кашоги беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври минатата година.

И покрај истрагата што ја спроведе Турција во Конзулатот на Саудиска Арабија и на уште неколку локации, телото на Кашоги се уште не е пронајдено.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за убиството на Кашоги ги обвини лидерите на Саудиска Арабија и побара да се откријат локалните соработници.

2019-03-1

Би можело да ве интересира

Џорџина направи скандал: сопругата на Роналдo мора да плати казна

Предраг Петровиќ

САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги

ОАЕ го осуди поранешниот адвокат на Кашоги на три години затвор

Ана Ололовска

Бајден: Целта на посетата на Саудиска Арабија е зајакнување на стратешкото партнерство

Турција го предаде на Саудиска Арабија предметот за случајот Кашоги

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги