Со напад на Сирија, Иран ќе го добие оружје од Русија

Од:

Доколку САД извршат интервенција врз Сирија, Русија би требало да му го испорача одбрамбеното оружје на Иран, сметаат повеќето руски политичари.

Овој предлог на седницата на рускиот парламент го изнесе комунистичкиот пратеник и заменик на претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Дума, Леонид Калашњиков.

За Иран ова е добра вест, со оглед на тоа што Русија под притисок на Запад ја сопре испораката на системот С -300, и покрај тоа што Техеран има платено аванс.

Владата на Иран веќе поднесе тужба до швајцарскиот суд, со надеж дека од Русија ќе добие четири милијарди долари компензација, бидејќи не го испочитувала договорот за продажба на пет ракетни комплекси С-300.

Во јули годинава, иранскиот амбасадор во Москва, Махмуд Реза Саџани изјави дека Иран е подготвен да ја повлече тужбата против Русија, доколку Москва во блиска иднина ја изврши испораката на ракетниот систем С-300.

Официјална Москва ја сопре испораката, откако Советот за безбедност на ОН воведе забрана за продажба на оружје на Иран.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ