Со лажен пиштол и значка барал бесплатна храна од Мекдоналдс

Од:

Џозеф Пинеда од Сент Петерсберг на Флорида влегол во Мекдоналдс „вооружен“ со лажен пиштол и значка. Се истуркал преку ред, го извадил пиштолот и побарал да му се даде бесплатна храна.

Во Америка е пракса полицијците во униформи најчесто да не мораат да платат оброк или кафе, но немаат законско право на „џабе“ јадење, туку сопствениците и вработените ги частат во знак на благодарност што го чуваат нивниот локал и местото во кое што живат го прават побезбедно.

Вработените во Мекдоналдс одбиле да му дадат храна, уплашени затоа што се заканувал со пиштолот и одбивал да покаже лична карта, па повикале „вистински“ полицајци.

Полицијата го совлада и уапси. Тој ќе биде обвинет за изигрување полицаец и недозволено носење оружје.

Би можело да ве интересира

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање