ВИДЕО: Уапсена девојката која прегази студентка во Белград, граѓаните ја дочекаа со извици „убиец“

Од:

Полицајците од Нов Белград уапсија девојка која денеска со својот автомобил во блок 70 удри студентка која присуствуваше на протестите.

Според српските медиуми, станува збор за Милица Стојановиќ, 26 години.

Како што може да се види на снимката од апсењето, граѓаните ја пречекаа девојката со свирежи и извици „убиец“ и „срам да ти е“.

Претходно беше објавено видео на кое се гледа моментот кога девојката забрзано со својот автомобил удри во студентка кој остана да лежи неподвижна.

Подоцна беше соопштено дека студентката која била удрена била свесно.

И покрај инцидентот, студентите продолжија да протестираат во Белград.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон