Со изборот на Венс, Трамп ги таргетира американските држави каде што му е потребна поддршка за Белата куќа

Од:

Со изборот на сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс за републикански кандидат за потпретседател, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп си обезбеди двојна можност: покрај тоа што кандидатот ќе ги таргетира токму државите што му се потребни за повторно да влезе во Белата куќа во ноември, тој може всушност да се избере наследник, човек кој ќе ја спроведува агендата на МАГА и по неговото политичко пензионирање, се вели во анализата на Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа (ИПЕСЕ).

ИПЕСЕ посочува дека ваквиот избор на Трамп може да се смета за неочекуван, контроверзен, но и сосема логичен и прагматичен потег.

Се потсетува дека Венс (39) своевремено беше остар критичар на Трамп, но дека во последно време е познат како млада ѕвезда на Републиканската партија и еден од најверните сојузници на поранешниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

Американците парализирани од тарифите на Трамп: „Не можам веќе да следам“

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски