Сноуден побара политички азил во Русија

Од:

Поранешниот соработник на Централната агенција за разузнавање (ЦИА) и на Националната агенција за безбедност (НСА) на САД, Едвард Сноуден побара политички азил во Русија, соопшти неименуван претставник на руските имиграциски служби.

Молбата за политички азил на Сноуден биле предадена на руски дипломатски службеник од активистка на Викиликс.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема да го екстрадира Едвард Сноуден во САД, но ако тој сака да остане во Русија, ќе треба да прекине со активностите насочени кон САД.

– Сноуден не е руски агент, изјави Путин на прес-конференција во Москва.

Тој повторно увери дека руското разузнавање не работи со американскиот бегалец за кого се претпоставува дека е во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево веќе осум дена откако пристигна од Хонг Конг.

– Повторно тврдам дека тој не соработува со нас. Ние не работиме со него. Ако сака да остане тука, имаме еден услов, треба да прекине со активностите кои имаат за цел да влијаат на нашите американски партнери. Колку и несоодветно да звучи тоа од мене, посочи Путин.

Тој наведе и дека Русија никогаш, никого не екстрадирала и нема да екстрадира.
– Во одредени случаи сме разменувале наши агенти и тоа под одредени услови, истакна Путин.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин