Сноуден е подготвен да се врати во САД со гаранции за непристрасно судење

Од:

Одбраната на поранешниот соработник на американскаа Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден работи на правни аспекти за негово враќање во САД, изјави адвокатот на Сноуден Анатолиј Кучерена, јави ТАСС.

Тој заедно со група правници од други држави го разгледува тоа прашање. Сноуден има времен азил во Русија, но не планира да остане во земјата, изјави неговиот адвокат, додавајќи дека Сноуден е подготвен да се врати во САД доколку добие гаранција за непристрасност на судот против него.

Кучерена изјави дека добил писмо од главниот обвинител на САД, во кое се изразува уверување дека во случај на враќање во САД Сноуден нема да добие смртна казна.

Во САД се покренати обвиненија против Сноуден за објавување на тајни информации, откако пред две години изнесе документи за масовно следење на електронската комуникација на НСА. Сноуден првично избега од САД во Хонгконг, а потоа мина еден месец во транзитниот дел на аеродромото „Шереметиево“ во Москва. Руските власти првично му дадоа времен азил до 1 август 2014 година, а потоа и тригодишна дозвола за престој во земјата.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД