Снежно невреме ја парализира Романија

Од:

Повеќе од 12 часа поголемиот дел на Романија е зафатен од невреме проследено со обилни снежни врнежи и силен ветер, што речиси целосно ја парализира земјата.

Како што јавија романските медиуми, поради невремето затворени се сите пристаништа на Црното Море, а собраќајот е во прекин и на десетици патни правци, како и на одделни железнички линии во земјата.

Во делови на Романија веќе е формирана снежна покривка во висина од половина метар, а повеќе села на југот од земјата останаа без струја, поради оштетувања на далноводната мрежа.

Локалните власти во Букурешт донесоа одлука за прекин на наставата во училиштата.

Засега нема податоци за евентални жртви, а за справување со последиците од невремето се ангажирани околу 6.000 полициајци и пожарникари.

Метеоролозите предвидуваат дека снежните врнежи ќе прекинат во текот на утрешниот ден, но темепратурите во следните денови се очекува да паднат и до минус 18 степени.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија