Снежно невреме го погоди Пекинг

Од:

Властите во Пекинг денеска издасдоа предупредување на опасност од невреме, бидејќи главниот град на Кина, невообичаено рано е погоден од снежни врнежи.

Во зиминатове 24 часа во Пекинг паднаа 5, 8 сантиметри снег, што е најголемо дбевно количество во која било ладна сезона уште од 1951. година.

Ладното време и обилните врнежи ги натераа градските власти да издадат „портокалева узбуна“ втора по сериозност на скалата од четири.

Власта ќе го активира и градскиот систем за централно греење пред рокот кој почнува на 15.ноември, кога и почнува грејната сезона.

Нациоанлната метеоролошка служба денеска предупреди на снежно невреме во северните провинции околу главниот град, кои вообичаено немаат снежни врнежи до крајот на ноември.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он