Снегот предизвика прекин на железничкиот транспорт во австриската провинција Тирол

Од:

Железничкиот транспорт во планинската провинција Тирол во западна Австрија утрово е во прекин поради обилните снежни врнежи, невообичаени за почеток на октомври.

Повеќе од 22.000 домаќинства во Тирол се без електрична енергија. Австрискиот метеоролошки институт вчера предупреди од снежни врнежи на Алпите во западна Австрија.

Утрово во Зефелд, на 1.200 метри надморска висина измерена е снежна прекривка од 52 сантиметри, а по улиците на Инсбрук, на 500 метри надморска висина, има десет сантиметри снег.

Во текот на денот се очекува да престане да паѓа снег и да се зголемат температурите.

 

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски