Снегот остави без струја десетици населени места во Романија, возовите укинати, патиштата блокирани

Од:

Десетици населени места во Романија останаа без струја, возовите се стопирани, а националните патишта се затворени заради снежното невреме што ја зафати земјата, соопштија романските медиуми.

Метеоролозите издадоа предупредување за „портокалов аларм“ во окрузите Бузиу, Вранча, Тулча, Јаломица, Галац, Васлуи, Бакау и Прахова, во југоисточниот дел од земјата, пренесоа медиумите.

Дел од магистралниот пат Букурешт-Констанца и 23 други патишта во 11 окрузи се затворени заради обилните снежни врнежи и бурата, а во окрузите Бузиу, Браила и Вранча целосно е запрено движењето по сите национални патишта, соопшти романската полиција.

Повеќе возови, што сообраќаат по јужниот и источниот дел од земјата, се укинати, сооопшти националната железничка компанија ЧФР.

Весникот „Романија либера“ информира дека во округот Галац стотици патници останале блокирани во возовите, што заради длабокиот снег биле присилени да запрат на срединаполе. Еден воз бил испратен од Букурешт да ги преземе 60-те патници, кои во округот Браила над пет часа останале блокирани во снегот.

Десетици населени места останале без електрична енергија, а мноштво дрвја се паднати врз патишта и автомобили, забележува весникот.

Агенцијата Аџерпрес, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, информира дека во текот на денешниот ден 38 лица биле спасени од ризични ситуации и дека од снегот и бурата засега нема загинати или лица прогласени за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски