Устецкиот и Ливерецкиот крај, во северниот и северозападниот дел на Чешка ги зафатија снежни врнежи и сообраќајот се одвива отежнато поради лизгавите патишта.
Патиштата кон границата со Полска се практично непроодни за товарни возила.
Според комуналните претпријатија од синоќа на полноќ, целата достапна механизација за расчистување на снег се наоѓа на терен и се расчистуваат сообраќајниците.
Според метеоролозите снегот ќе продолжи да паѓа и постои опасност од поледица.