Снајперист уби полицаец во Ереван

Од:

Снајперист од групата вооружени мажи, кои ја окупираа полициската зграда во Ереван, денеска уби полицаец, изјави портпаролот на ерменската полиција Ашот Ахароњан.

Безбедносните сили им дадоа ултиматум на напаѓачите денеска до 15 часот да се предадат, во спротивно се заканија дека ќе отворат оган врз нив. Откако истече ултиматумот одекнаа истрели, при што беше убиен полицаецот, кој се наоѓал во автомобил, паркиран на околу 400 метри од станицата

Ахароњан потврди дека 30-годишниот полицаец и татко на три деца бил застрелан во глава.

Тоа е втор убиен полицаец откако на 17 јули беше заземена полициската зграда од вооружена проопозициска група, со барање за ослободување на истакнат локален опозиционер и оставка на претседателот и Владата. Групата, која брои 29 лица, држи медицински персонал како заложници.

Би можело да ве интересира

Полицаец случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил

МВР уапси двајца лихвари, еден од нив бил полицаец

Горан Наумовски

Актерот Сашко Коцев повредил полицаец и избегал од местото на настанот

МВР: Кривична за полицаец кој фалсификувал службени документи

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Штипјанец со нож ранил полицаец

Горан Наумовски