Смртниот биланс од авионската несреќа во Непал се зголеми на 70 лица, се трага по уште две

Од:

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати.

Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години.

Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара.

Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла.

Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата.

Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on