Смртни закани за судијата кој покрена обвинение против Саркози

Од:

Судијата Жан-Мишел Жантил, кој покрена обвинение против поранешниот француски претседател Никола Саркози за „злоупотреба на слабоста на немоќно лице“ во аферата „Бетнакур“, добил смртви закани, јави дописникот на МИА од Париз.

Смртните закани, биле испратени преку пошта придружени со куршуми. Заканите се однесуваат на судијата, неговите блиски и на синдикатот на судиите.

Според еден друг судија, Марк Тредевик, кој е специјализиран во истрагите поврзани со тероризмот, овие закани очигледно имаат за цел да создадат лоша клима во Бордо, како што беше случај во Нантер, од каде оваа афера беше префрлена во Бордо.

Синдикатот на синдикатите, кој е близок до левицата, смета дека овие закани се плод на жестоките реакции на блиските политичари на поранешниот француски претседател откако против него беше покренато обвинение. Синдикатот повика на воздржаност со оценка дека „жестоките зборови на блиската гарда на поранешниот претседател работи на декредибилитирање на правдата, што може да доведе до недоразбирање кај граѓаните, губење на доверба во правосудните институции и на крај неподнослив излив на омраза кон судиите задолжени да ја делат правдата“.

Судијата кој донесе одлука за подигање на обвинението против Никола Саркози, беше изложен на тешки и жестоки критики од блиските соработници на поранешниот претседател и добар дел од раководството на конзервативната Унија на народното движење (УМП).

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз