Смртни закани поради одбрана на двојазичноста во Финска

Од:

Двајца фински медиумски личности од шведско потекло се изложени на смртни закани во изминатите денови. Причината за тоа се нивните јавни заложби за одбрана на позицијата на шведскиот како малцински јазик во двојазичната Финска.

Телевизиската водителка Бетина Сагбом и главниот и одговорен уредник на финскиот весник „Хелсингин саномат“, Паула Саловара, добиле смртни закани од разни места, јави дописникот на МИА.

Сагбом добила електронско писмо со кое и била испратена следнава закана: „Крвта ќе прска се до Шведска“. Авторот на писмото барал Финскиот сојуз, организација која се бори за укинување на официјалната двојазичност во Финска, да биде поканет да учествува во телевизиската програма.

– Тие не можат да се помират со тоа дека постоиме, не поднесуваат дека зборуваме шведски и пред се не можат да се помират со тоа дека имаме некакви права, вели Сагбом за хелсиншкиот весник „Хувудстадсбладет“.

Позицијата на шведскиот јазик во Финска во последните години е изложена на зачестени оспорувања во јавната дебата. Партијата Вистнски Финци лани истапи со барање да се укине шведскиот јазик како задолжителен предмет во основното образование.

Според Уставот, Финска е двојазична држава. Финскиот и шведскиот јазик имаат еднаков правен статус, без оглед на фактот дека мајчин јазик на големото мнозинско население, околу 91,5 проценти, е финскиот.

Националните институции се обврзани да понудат сервис на двата јазика во целата земја, а истите обврски важат за општинските органи во финските двојазични општини. Положбата на шведскиот јазик е зајакната со уставните реформи усвоени во Финска во 2001 година. Од вкупно 416 фински општини, 19 се еднојазични шведски, а 43 се двојазични.

Станува збор за јазици што им припаѓаат на две различни јазични групи, без сличности кои барем донекаде би ја олесниле меѓусебната комуникација. Финскиот е од угрофинското јазично семејство, додека шведскиот, кој го зборуваат околу шест проценти фински граѓани, и припаѓа на северногерманската јазична група.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски