Смртни казни за учество во антиисламскиот филм

Од:

Судот во Каиро им изрече смртна казна на седум египетски христијани на кои им се судело во отсуство заради учество во антиисламскиот филм кој во септември предизвика насилни протести во многу муслимански земји.

„Седум обвинети лица се осудени заради навреда на исламската вера со учеството во продукцијата на филмот и неговото емитување кое го навредува исламот и пророкот Мухамед“, рекол судијата Саиф ал Наср Солиман, јави “Ројтерс“.

Продуцентот на филмот Накула Басил Накула, Американец со египетско потекло, е уапсен на крајот на септември во Лос Анѓелес затоа што ја прекршил условната слобода. Накула во 2010 година е осуден на 21 месец затвор поради банкарска проневера.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет