Смртни казни поради уривање на зграда во Северна Кореја

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наредил стрелање на инженерите и архитектите одговорни за изградбата на блок згради во Пјонгјанг, што минатата недела се урнаа, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Според проценките над 500 лица, меѓу кои и високи функционери од разузнавачаката служба и полиција, загинле при уривање на 23 катна зграда во Пјонгјанг.

Според јапонски весник, што се повикува на неименувани извори од Северна Кореја, главните службеници и архитекти кои работеле на комплексот згради се уапсени и на нив се изречени остри казни, а на некои и смртни.

Четири градежни инженери се стрелани, а воен службеник задолжен за проектот е испратен во камп, изјави неименуван извор за весникот „Токио Шимбун“.

За уривањето на зградата објави севернокорејската официјална новинска агенција, што е невообичаено, нагласува весникот „Дејли мејл“.

Според јапонскиот весник, не е позната точна причина за уривање на зградите, но постои сомнеж дека станува збор за лоша конструкција бидејќи работниците и шефотите на градилиштата често крадат цемент и челик, што го продаваат на црниот пазар.

Се претпоставува дека во зградата, во моментот на несреќата живееле најмалку 92 лица.

Севернокорејската агенција не објави точен број на загинати или причина за несреќата, наведувајќи дека жителите на Пјонгјан се шокирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“