Смртна казна за истакнат исламист во Бангладеш

Од:

Специјалниот суд во Бангладеш денеска го осуди на смрт истакнатиот лидер на една од најголемите исламистички партии во оваа земја, Мир Кашем Али, што во последната недела е втора пресуда со смртна казна за учество во масовни убиства за време на војната за независност против Пакистан во 1971 година.

Откако судијата ја прочитал пресудата, Али гласно протестирал, нарекувајќи ги луѓето кои сведочеле против него „лажни сведоци“.

Шеесет и две годишниот богат бизнисмен и медиумски тајкун е член на главната комисија на партијата Џамат-е-Ислами и се смета за еден од нејзините најголеми финансиери.

Минатата недела истиот суд го осуди на смртна казна лидерот на оваа партија, Мотиур Рахман Низами, поради воени злосторства од 1971 година.

Бангладеш ја обвинува пакистанската војска и нејзините локални соучесници за смртта на милиони луѓе за време на девет месечната војна во 1971 година.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници