СМО: Топлотните бранови пред поечтокот на летото во Европа се најава за она што следува

Од:

Топлотните бранови ќе се случуваат сè порано и сè почесто во иднина, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото.

– За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација.

Екстремно високите температури кои се проширија од Северна Африка во јужна Европа, а се очекува да ги погодат Швајцарија и Германија овој викенд, според СМО се покарактеристични за јули и август.

– Во некои делови на Шпанија и Франција, температурите неодамна се зголемија за повеќе од 10 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината, рече Нулис.

Шпанија, Португалија, Унгарија и Србија, исто така, се погодени од суша, додека предупредувања за топлотни бранови беа издадени надвор од Европа за речиси една третина од населението на САД оваа недела.

– Како резултат на климатските промени, топлотните бранови почнуваат порано, стануваат почести и посилни поради концентрациите на стакленички гасови во атмосферата кои се на рекордно ниво, потенцира Нулис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран

Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен

Катерина Ѓуровски

Владата со итни мерки поради топлотниот бран

Горан Наумовски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Поради топлотниот бран, десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Поради пожарите и топлотниот бран, Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

A1on