СМО: Поради топлите океани претстојат натпросечно топли месеци

Од:

Во северната хемисфера и тропските области во мај и јуни температурите ќе бидат повисоки од просечните поради топлото море, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО).

Оваа година, месеците до почетокот на мај беа најтопли или втори најтопли од почетокот на регистрирање на температурата, според агенцијата на ОН за временски и климатски услови.

Додека високите температури претходните години предизвикаа природни климатски флуктуации во океанот, ваквите феномени, во кои спаѓа и Ел Нињо, не играат улога оваа година.

„Температурите на воздухот и морето се зголемија како резултат на климатските промени и тоа има големо влијание врз екстремните временски услови како што се тропските циклони и врнежите од дожд“, се вели во соопштението на генералниот секретар на СМО, Петери Теалас.

СМО очекува натпросечни врнежи од дожд во Индискиот Океан, над Австралија и западниот дел на индонезискиот архипелаг во наредните месеци.

Помалку дожд од вообичаеното се очекува во јужните и екваторијалните региони на Јужна Америка, како и на Карибите и индискиот потконтинент.

Би можело да ве интересира

Исландските глечери се намалуваат многу брзо, им се заканува целосно исчезнување

Ана Ололовска

Светот е на пат да се самоуништи, предупреди Папата

Жарко Настоски

2020 e една од трите најтопли години од 1850 година наваму

Жарко Настоски

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Арктикот

Ана Ололовска

Научниците со нови информации за глобалното затоплување: за 23 години се стопиле 28 билиони тони мраз

ВИДЕО: Глечер на Швајцарските Алпи потклекнува пред глобалното затоплување

Жарко Настоски