ВИДЕО: Сменет министерот за одбрана на Украина

Од:

Олексиј Резников веќе нема да биде министер за одбрана на Украина. Како што соопшти вечерва агенцијата АФП, на негово место ќе дојде поранешниот директор на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.

Украинскиот весник Правда вечерва објави дека партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е и најголема украинска партија, објавила дека ќе гласа за разрешување на Резников. Оваа информација на Фејсбук ја објави Маријана Безухла, заменик-шеф на комисијата на украинскиот парламент за национална безбедност, одбрана и разузнавачки служби.

Извори на Украинска Правда наведуваат дека се разгледува идејата за именување на Резников за министер за стратешки индустрии. Иако претходно денеска украинските медиуми шпекулираа дека Резников би можел да стане министер за правда по неговото разрешување, одлучено е министерот за правда Денис Малиуска да остане на својата функција.

Би можело да ве интересира

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски