Службеник на Европската комисија во петокот се самоубил на своето работно место.
Веста се појави на сајтот на „Њу Јуроп“ и денеска беше потврдена на прес-конференција на портпаролот на комисијата.
Портпаролот одби да даде каков било коментар за случајот.
Посочениот сајт информира дека долгогодшниот правник на Комисијата скокнал од прозорец на една од зградите на институцијата во Брисел.
Според весникот, тој 20 години работел за ЕК и очекувал унапредување, а место тоа бил понижен.
Се тврди дека тој се спротивставил на притисокот на „голема држава од ЕУ“ околу прашањето за олеснувањата за судиите и обвинителите.