Службеник на банка во Франкфурт по грешка префрлил 220 милиони евра на друга сметка

Од:

Службеник во една франкфуртска банка заспал во моментот на испраќање пари од сметка на сметка и наместо впишаните 64,2 евра, по грешка префрлил над 220 милиони евра, пишува списанието „Дер Стандард“.

Весникот наведува дека грешката набрзо е воочена и исправена, а за инцидентот е обвинета и отпуштена од работа 48-годишна службеничка на банката која имала обврска да ја контролира и работата на „заспаниот“ работник.

По отказот, работничката во банката, која работела во таа финансиска институција од 1986 година, упатила жалба до германскиот суд надлежен за работни спорови, наведувајќи дека е големиот пропуст во трансферот на пари настанал по грешка, а не поради лоша намера.

На судењето, се покажало дека отпуштената службеничка во денот кога се случил инцидентот, проверила над 800 финансиски операции, при што за секоја имала нешто повеќе од една секунда.

Германскиот суд на крајот одлучил дека отказот бил нерегуларен и и наложил на банката да ја врати службеничката на работа.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски