Слуцки: Убиството на иранскиот научник е терористички чин, Русија го осудува злосторството

Од:

Атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризад е терористички акт што претставува провокација за Иран, а Русија го осудува злосторството, изјави денеска директорот на Државната дума за надворешни работи Леонид Слуцки.

„Убиството на иранскиот физичар Фахризад е терористички чин и провокација за Техеран. Многу е важно да се спречи ескалацијата на тензиите во регионот”, напиша рускиот пратеник на Твитер, пренесе Тасс.

Слуцки истакна дека Русија го осудува убиството, „без разлика кој стои зад ова злосторство“.

„Изразуваме длабоко сочувство до Иран и семејството на Фахризад“, додаде тој.

Иранската агенција ИСНА објави дека началник на иранскиот Генералштаб, Саид Абдолрахим Мусави, тврди дека Израел и САД стојат зад атентатот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани уште вчера вети дека атентатот врз научникот нема да остане без одговор.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети