Случај Епштајн: Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Од:

Поранешниот француски агент за манекени Жан-Лук Брунел синоќа е пронајден обесен во неговата затворска ќелија во затворот Санте, во Париз, јави дописникот на МИА.

Брунел беше во истражен притвор од 2020 година поради обвинение за „силување на малолетно лице“. Додека во јуни 2021 година неколку поранешни манекенкиго обвинија Брунел за сексуално вознемирување.

Тој исто така беше осомничен дека посредувал помеѓу девојки и американскиот милијардер Џефри Епштајн, кој исто така беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во август 2019 година.

Епштајн, кој исто така беше пронајден мртов во неговата ќелија во август 2019 година. Тој во јули 2019 година во САД беше обвинет за организирање на мрежа на млади девојки, кои сексуално ги експлоатирал во периодот од 2002 до 2005 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Катерина Ѓуровски

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Џефри Епстајн имал широк круг пријатели: Сексуалниот предатор се среќавал со директорот на ЦИА, со советничка на Обама, со Чомски

Жртвите на Џефри Епстајн тужат две големи банки

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота

Ана Ололовска

Принцот Ендру се откажа од сите воени и кралски титули

А1он