Словенечкиот премиер поддржува испраќање системи за противвоздушна одбрана С-300 во Украина

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека го поддржува испраќањето на ракетните одбранбени системи С-300 во Украина.

– Да, го поддржувам ова бидејќи тоа е опремата што најмногу и треба на Украина, изјави тој за Си-Ен-Ен, но додаде: „Не поддржувам многу да зборуваме за она што ние им даваме“.

Јанша, исто така, рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му рекол дека неговата Влада е подготвена да предложи референдум на Украинците за промена на уставот за откажување од желбата на Украина да се приклучи на НАТО.

– Мислам дека донесоа некаква прагматична одлука, бидејќи откако ќе ја добијат оваа војна, мислам дека НАТО ќе сака да се приклучат. Кога ќе победат во оваа војна, украинската армија ќе биде една од најсилните, ако не и најсилната армија на европскиот континент, рече Јанша.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски