Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое почина во прегреан автомобил

Од:

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц. Уапсен е и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за дете кое имаше неполни две години.

Како што вчера за ТВ Словенија изјави помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Цеље, Алеш Слапник, мајката и нејзиниот партнер веќе се во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што им се заканува казна од шест месеци до пет години затвор.

Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало во возилото. Детето најмалку два часа било затворено во автомобилот во дворот пред куќата. И покрај укажаната прва помош, детето починало на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година