Словак, по струен удар, зборувал само англиски јазик

Од:

Словак, од градот Кошице, од пред осум години кога бил погоден од струен удар го заборавил мајчиниот јазик и зборувал само англиски, објавија словачките медиуми.

Животот на 30-годишниот Павол Дутко се сменил откако преживеал струен удар од 220 волти.

– Синот го најдовме лежејќи во работилницата и кога лекарите го доведоа при себе зборуваше неповрзано на англиски, објаснува таткото Стефан Дутко.

Откако му биле направени разни лекарски испитувања било потврдено дека ја изгубил способноста да го говори мајчиниот јазик.

Павол, кој не можел да се снајде во Словачка сега живее во Кина каде го научил и мандаринскиот кинески јазик. Според неговите родители, мајчиниот јазик се уште не го говори сосема течно.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина