Словаците против најновата обврска да го пријавуваат отсуството од земјата

Од:

Новите законски измени, според кои Словаците ќе мора да пријавуваат доколку од земјата отсуствуваат три или повеќе месеци, предизвика многу негативни реакции во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Словачкиот Парламент, пред неколку дена ги усвои дополнувањата на Законот за пријава и одјава на престој на граѓани, според кој, секој граѓанин кој нема да пријави дека ќе престојува во странство 90 дена и подолго, ќе биде парично казнет.

-Оваа измена е несоодветно, прекумерно и неоправдано ограничување на слободата на движење и приватноста на граѓаните, критикуваше пратеникот од опозицијата, Петер Осуски.

Министерот за внатрешни работи, Роберт Калињак тврди дека државата треба да знае каде се наоѓа нејзиниот граѓани за да може да му ја испорача поштата.

-Тоа помага и при исплатата на социјалните бенефиции, пензии и слично, додаде Калињак, кој вели дека не ги разбира негативните реакции.

Мерките се сметаат за дел од економските рестрикции што би овозможиле прекинување на неправилните трошоци на буџетот, како на пример земање на социјална помош и други додатоци на оние кои работат надвор од татковината.

Словаците се организираа и на социјалните мрежи и упатуваат петиции до Министерството за внатрешни работи за укинување на оваа обврска.

Дека повеќето од граѓаните ја сметаат за апсурдна најновата обврска говорат и различните иронични пораки како на пример „Совесните граѓани муја пријавуваат на министерот Калињак својата местоположба” или пак „,Од дневната соба ќе одам до тоалетот, одам да му напишам на министерот за да знае“.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски